Дома Фудбал Останато Санчез открива: Меси тогаш не престануваше да плаче…

Санчез открива: Меси тогаш не престануваше да плаче…

alexis

Фудбалерите денес се под голем притисок, а сега Алексис Санчез открива детали за неговиот поранешен соиграч од Барселона, Лионел Меси.

Новото засилување на Манчестер Јунајтед открива дека Лео Меси после промашениот пенал во полуфиналето против Челси во 2012 година не престанувал да плаче во соблекувалната. Токму поради тој пенал Барселона беше елиминирана од англискиот клуб со вкупен резултат 3:2.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Лео тогаш не престануваше да плаче. Причина за такво нешто е што на играчите им се наметнуваат преголеми императиви, луѓето не се свесни колку емотивно ги поминуваме таквите ситуации. Од нас многу се очекува, а ни се замерува кога ќе купиме луксузен автомобил или куќа. Сега сум поискусен и свесен сум дека не можете на сите да им удоволите, секогаш ќе има некој кој ќе биде лут на вас. Во фудбалот многу научив и сега сум среќен што можам мирно да играм“, зборуваше Санчез и продолжи.

„Постои и темна страна на професионалните фудбалери. Малку кој размислува за тоа дека играчите имаат многу малку време за своите најблиски, ги пропуштаме родендените на родителите и децата и често сме под толкав притисок што солзите на Лео не се реткост“, заклучи новото засилување на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…