Дома Фудбал Англија Санчез и Озил? – Арсенал има јасен став!

Санчез и Озил? – Арсенал има јасен став!

Неизвесноста кога во прашање е иднината на Алексис Санчез и Месут Озил на „Емирати“ полека ја достигнува својата кулминација.

Овие двајца фудбалери и понатаму ги одбиваат понудите на „топџиите“. Санчез наводно ја известил управата на Арсенал дека сака да замине на лето и тоа без оштета, а веројатно исто размислува и Месут Озил.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Санчез во изминатото лето беше блиску до трансфер во Манчестер Сити за сума од 70 милиони евра, но Арсенал ја одби понудата на „граѓаните“ со надеж дека може да го убеди Санчез да остане на „Емирати“. За Озил од неодамна интерес покажа Манчестер Јунајтед и тие се надеваат дека можат да стигнат до потписот на Германецот во текот на летото.

И покрај случувањата и желбата на фудбалерите Арсенал има јасен став, „топџиите“ сакаат и двајцата да останат во клубот.

„Ние сакаме да привлекуваме уште играчи од светска класа, да ги задржиме најдобрите и на нив да додаме уште некој играч. Го гледав Арсенал во неделата, Санчез и Озил одиграа навистина одлично. Би сакале да ги задржиме, но за танц се потребни дваца. Ќе работиме и на тоа да пронаоѓаме и доведуме нови млади таленти“, изјави првиот човек на клубот Стен Кренк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…