Откако во саботата постигна гол во Сампдорија, иако доби црвен картон, Алексис Санчез се спрема за враќањето на „Ноу Камп“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интер гостува кај Барселона во среда и тоа ќе биде прилика за Санчез да игра на стадионот каде што помина убав период. Како играч на Барселона Санчез постигна 47 голови и запиша 35 асистенциии.
„Кога играв таму, сите зборуваа дека тоа е најсилната Барселона до тогаш. Во тој тим играа Меси, Чави, Иниеста и Пујол. Тој клуб ме научи на друг стил, кој се темели на посед на топка. Што повеќе тренирањето со играч од таков калибар е доволно да напредувате“.
„Враќањето во Италија беше голема обнова на мојата љубов кон фудбалот. Конте и некои играчи веќе ги познавав. Мислам дека клубот поставува темели за во иднината. Сакам да освојам нешто во овој дрес. Добар тим сме. Како и секој друг тим сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите. Кога играв во Барселона и ремито се сметаше за пораз, таков клуб сега станува и Интер. Мораме да тежнееме кон таа цел“, порача поранешниот играч на Арсенал и Манчестер Јунајтед.