Дома Трансфер зона Санчез го напушта Арсенал и прави ИЗНЕНАДУВАЧКИ трансфер!

Санчез го напушта Арсенал и прави ИЗНЕНАДУВАЧКИ трансфер!

Напаѓачот на Арсенал, Алексис Санчез кариерата би можел да ја продолжи во Манчестер Сити.

Како што пишуваат британските медиуми, 28-годишниот фудбалер речиси сигурно ќе ги напушти „Топчиите“ ова лето, а новата дестинација на Чилеанеот би можела да биде Манчестер Сити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Граѓаните“, покрај Челзи покажаа најголем интерес за Санчез и за многу кратко време трансферот би требало да биде готов. Покрај сума од околку 50 милиони фунти, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, за Алексис Санчез ќе го понуди и младиот дефанзиве Џејсон Денајер, што дополнително ги привлекува „Топчиите“.

Арсенал подолго време е заинтересиран за младиот фудбалер, па сега ќе има голема прилика да дојде до неговиот потпис. Од другата страна, Санчез се поврзуваше и со ПСЖ, Баерн и Интер, но најверојатно тој ќе остане во Премиер лигата.

Оваа сезона Чилеанецот постигна 24 гола и запиша 18 асистенции во 46 одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

По Мбапе, Реал Мадрид работи на уште еден голем трансфер?

Флоријан Вирц (21) е еден од најдобрите играчи во Европа оваа сезона. Офанзивниот играч за…