Лионел Меси неодамна го надмина легендарниот Пеле по бројот на постигнати голови за еден тим. Аргентинецот има 644 за Барселона, додека Пеле 643 за Сантос.
Сепак, Сантош го оспорува и не го признава рекордот на Меси. Тие тврдат дека на Пеле му биле украдени 448 голови. Поточно, тие сметаат дека Бразилецот за нив постигнал 1.091 гол, а тие 448 погодоци биле во пријателски натпревари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Во тие 448 голови, кои денес ги оспоруваат се и некои против гиганти од тие години. Пеле му даде девет гола на Клуб Америка од Мексико и на Коло Коло од Чиле. Му даде осум на Интер, погодуваше против Ривер Плејт, Бока Јуниорс…“, пишува во соопштението на Сантош.