Димитри Санталов веќе сите го сметаа за нов играч на Вардар, меѓутоа денес тој изненадувачки, барем за македонската ракометна јавност официјално стана играч на Мешков Брест.
Санталов за рускиот „Брз Центар“ зборуваше за ситуацијата и зошто завршил во Мешков место во Вардар како што ние очекувавме.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„На маса имав повеќе понуди. Освен Вардар и Мешков имав понуди и од екипи од Бундеслигата и Франција. Можев да останам во Русија во Чеховски Медведи или ЦСКА Москва, сепак сакав интеренационален предизвик“.
На прашањето зошто место во Скопје ќе игра во Брест не даде конкретен одговор само посочи дека затоа треба да се прашаат клубовите.
„Тоа прашање е за клубовите, за луѓето во Вардар и Мешков. Тие можат да ви го дадат точниот одговор. Јас следев што се случува во Вардар со смената на раковоството. Сфатив дека работите и концепцијата на тимот можат да се променат, а јас можев само да чекам“, изјави Санталов.
Во Мешков Санталов ќе биде соиграч со поранешниот играч на Вардар Сташ Скубе.