Ситуацијата во Украина донесе огромни санкции за Русија во спортот, откако ФИФА и УЕФА ја суспендираа за европските натпреварувања во фудбалот истото го направија ЕХФ и Евролигата.
ЕХФ организираше состанок и одлучи клубовите од Русија и Белорусија да бидат суспендирани.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Репрезентациите на Русија и Белорусија како и клубовите кои се натпреваруваат во ЕХФ се суспендирани. Ваквата одлука останува на сила до следното соопштение. Судиите во овие држави нема да бидат назначувани за следните натпревари додека ситуацијата не се реши. Европското првенство во ракомет на плажа кое требаше да се игра во Москва ќе добие нов домаќин“, соопшти ЕХФ.