Дома Топ вести Сане на чекор од трансфер во Баерн, тренерот Флик му посака добредојде

Сане на чекор од трансфер во Баерн, тренерот Флик му посака добредојде

Ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане е на чекор од трансфер во Баерн Минхен, пренесува „Билд“.

Баварците веќе подолго време се заинтересирани за Германецот, а сега тргнале во конечна реализација на трансферот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дека 24-годишниот фудбалер најверојатно ќе стане нов член на Баерн го потврдува и фактот дека тренерот на клубот, Ханс Флик, разговарал со овој играч по телефон.

„Билд“ открива дека Флик цели 30 минути разговарал со Сане, му го претставил плановите, системот на работа и што сакаод него на теренот, а со тоа веројатно го потврди и пристигнувањето на овој фудбалер во Минхен.

Последните информации од Германија се дека Сане веќе постигнал комплетен договор со Баварците и двата клуба започнале преговори околу обештетувањето.

„Билд“ пренесува дека цената на трансферот со вклучени бонуси би требало да изнесува 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Потврдено: Чави останува тренер на Барселона!

Во Барселона претседателот Лапорта и останатите успеале да го убедат тренерот Чави да оста…