Дома Фудбал Сане ги помина лекарските прегледи во Баерн Минхен (видео)

Сане ги помина лекарските прегледи во Баерн Минхен (видео)

Лерој Сане утрово ги мина лекарските прегледи и ги посети канлецариите на Баерн Минхен за финализирање на трансферот од Манчестер Сити.

Во овие моменти германскиот репрезентативец ги напушти канцелариите на Баерн, па се очекува во секој момент официјализација на трансферот.

Според „Билд“ денес Сане нема да биде претставен како нов играч на Баерн, но најверојатно двата клуба ќе излезат со соопштение за трансферот.

Баерн Минхен на Сити ќе му плати 50 милиони евра за трансферот, а Сане ќе потпише 5-годишен договор според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Башкими губи важен офанзивен адут: Рибеиро заминува од лични причини

Луис Рибеиро го завршува престојот во Куманово со два гола и четири асистенции сезонава. Н…