Дома Фудбал Останато Сампаоли открива: Видал има ОГРОМНИ проблеми со алкохолот, поради него беше отпуштен нашиот возач!

Сампаоли открива: Видал има ОГРОМНИ проблеми со алкохолот, поради него беше отпуштен нашиот возач!

Најпознатиот чилеански фудбалер има сериозни проблеми со алкохолот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фудбалерите на Чиле не се пласираа на Светското првенство во Русија, а јавноста во оваа држава како еден од главните виновници го истакнува Артуро Видал.

Ѕвездата на Баерн наводно констатно е пијан пред одлучувачките натпревари, а дека има проблем со алкохолот потврди и поранешниот селектор на Чиле, Хорхе Сампаоли.

Да потсетиме, Сампаоли во овој момент ја предводи селекцијата на Аргентина со кој избори пласман на Мундијалот во Русија.

„Видал мора да побара помош од доктор, навистина е сериозно. Тој пие и нема мерка. Кога своевремено се враќавме од Лима, ме праша во авионот дали може испие едно пиво. Му кажав не од едноставно причина, со нас летаа некои навистина важни луѓе“, изјави Сампаоли и продолжи:

„Како резултат на тоа тој отвори флаша со висики подоцна во автобусот и заедно со возачот ја испи целата. На крајот, истиот возач заработи отказ“, откри сегашниот селектор на Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…