Дома Фудбал Германија Само што ќе почне Бундеслигата не очекува едно големо дерби!

Само што ќе почне Бундеслигата не очекува едно големо дерби!

После неколку недели неизвесност конечно денес дознавме дека Бундеслигата сигурно ќе продолжи.

Најдобрите германски клубови добија зелено светло од Владата на Германија да го продолжат натпреварувањето и сега останува само Фудбалскиот сојуз да го одреди датумот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во овој момент има три опции – 15, 22 и 29 мај. Клубовите тренираат веќе неколку недели и сигурно се спремни за било кој датум.

Со оглед дека последниот натпревар во Бундеслигата се одигра пред скоро два месеца (11 март) вреди да се потсети и како ќе изгледа распоредот за првото коло по прекинот.

Пред прекинот беа одиграни 25 кола. Баерн Минхен е лидер со 55 освоени бодови, четири повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд и пет повеќе од третопласираниот Лајпциг. Многу блиску до самиот врв е и Борусија Менхенгладбах која има само еден бод помалку од Лајцпиг. До крајот на сезоната останаа уште девет кола.

Во колото кое следи не очекува и едно голема дерби, Борусија Дортмунд – Шалке. Во останатите натпревари, Баерн игра на гости против Унион Берлинг, Лајпциг го пречекува Фрајбург, Леверкузен оди на гости кај Вердер, Хофенхајм дома ќе игра против Херта, Б. Менхенгладбах ќе гостува кај Ајнтрахт, Фортуна на свој терен ја очекува дуел со Падерборн, Келн – Мајнц и Аугусбург Волфсбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Фиорентина прв финалист во Лигата на конфереции🎥

Екипата на Фиорентина е првиот финалист во Конференциската лига, откако го елиминира белгс…