Дома Фудбал Останато Само среќа го спасила Монтела од земјотресот во Турција

Само среќа го спасила Монтела од земјотресот во Турција

Италијаскиот тренер Винченцо Монтела имал среќа што го избегнал тешкиот земјотрес во Турција.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се испостави дека настрадал хотелот во кој живее Монтела, кој моментално е на кормилото на Адана Демирспор.

Монтела и сите фудбалери имале среќа зошто вчера пристигнале во Истанбул за натпреварот против Јумраниеспор, кој требаше да се одигра денес.

„Земојтресот во Адана бил многу тежок. Моите играчи се загрижени за семејствата. Ние сме во Истанбул, ни кажаа дека има паднати згради и дека настрадал хотелот каде што јас живеам. Ги евакуирале луѓето“, откри Монтела за италијанските медиуми.

„Се уште има мали потреси. Во моментов сме на милост на природата“, додаде Монтела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона би можела да се кае поради Рашфорд

Маркус Рашфорд беше еден од првите фудбалери кои влегоа во конфликт со Рубен Аморим кога п…