Дома Фудбал Само неколку дена по незгодата, погледнете како изгледа лицето на Едерсон (Фото)

Само неколку дена по незгодата, погледнете како изгледа лицето на Едерсон (Фото)

Во саботата, Манчестер Сити славеше над Ливерпул со 5:0, а еден од клучните моменти беше оној во 24. минута, кога Садио Мане невнимателно стартуваше на голманот на „Граѓаните“, Едерсон.

Поради овој потег, Садио Мане веднаш заработи црвен картон, додека младиот бразилски голман беше изнесен од теренот со носилки. Едерсон сепак ја „преживеа“ незгодата, но не е дека не мина без последици.

Лузните и конците се тука и сето тоа е забележано на фотографиите од соблекувалната на Сити.

Садио Мане поради непромислениот потег му се извини на својот колега, но тоа не го спаси од суспензијата од три дуели поради црвениот картон. Ливерпул веќе најави дека ќе поднесе жалба, за да се намали казната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо се враќа на 46 години: Кој е клубот што го носи повторно на терен?

Бразилската легенда на 15 ноември треба да дебитира за Равена во Серија Ц. Во клубот има и…