Дома Фудбал Останато Само неколку дена откако објави проштална порака: Почина Свен Горан Ериксон

Само неколку дена откако објави проштална порака: Почина Свен Горан Ериксон

По долго и тешко боледување, на 76-годишна возраст почина Свен Горан Ериксон.

Веста за неговата смрт ја објави семејството на славниот стратег.

„Свен Гораан Ериксон почина по долго боледување, почина дома опкружен со семејството. Ќерката Лина, синот Јохан со сопругата Амана и внуката Скај се простија од Свен. Семејството сака да се почитува нивната желба да тагуваат во приватноста без појавувања во медиумите“, стои во објавата.

Ериксон свесен за својата состојба пред неколку дена објави и проштална порака.

„Имав добар живот. Мислам дека сите се плашиме од денот кога ќе умреме, но треба да прифатиме дека и смртта е дел од животот. Се надевам дека на крајот луѓето кои ме познавале ќе кажат дека бев добра личност. Сакам да ме паметите како позитивна личност која се трудеше да направи сè што може. Благодарност до сите тренери, играчи, навивачи… Беше фантастично. Грижете се и чувајте го својот живот, живејте здраво“, гласеше неговата порака.

Ериксон во кариерата беше тренер на: Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Манчестер Сити, Лестер, Гуангжу, Шангај и Шенжен, додека како селектор ги водеше селекциите на: Англија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска и Филипини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати се противниците на Левски во Лига Европа, Серафимов ќе игра против европски гиганти (Фото)

Денеска беше извлечена ждрепката за лигашката фаза во Лига Европа, по која 36-те учесници …