Репрезентацијата на Македонија денес го игра реваншот против Чешка во рамките од баражот за Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија се наоѓа во добра позиција после добрата игра и добриот резултат од Злин (24:24).
„Црвено-жолтите“ се на чекор од мундијалска виза, а Лазаров направи само една промена во однос на дуелот во Злин. На местото на Марко Митев во составот е Михајло Младеновиќ.
Ова воедно е последен натпревар во националниот тим на Лазаров и Филип Муркуловски.
