Медалите на финалистите од Светското фудбалско првенство им ги доделуваа Џани Инфантињо од ФИФА, заедно со Владимир Путин Емануел Макрон и Колинда Грабар Китаровиќ.
При чинот на врачување на медалите, секој од играчите посебно се ракуваше со сите споменати (и се гушкаше со Колинда), но еден од хрватските репрезентативци избегна ракување со „челичниот“ Путин.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јосип Пивариќ медалот го доби веднаш после Манџукиќ, а баш во тој момент стигна до Путин кој земаше медал за следниот играч, па Пивариќ само помина пред рускиот политички лидер без да се ракува со него.
Wowwww Pivaric just skipped Putin in the medal ceremony ???? @BarstoolSam pic.twitter.com/00ZlRNdDT6
— Tommy McManus (@tkmcmanus1) July 15, 2018
На снимката се гледа како Пивариќ дури и се сврти да види каде е Путин, но до ракување, сепак, не дојде. Неговиот потег веднаш беше забележан од „дежурните“ очи на социјалните мрежи.
„Пивариќ штотуку го прескокна Путин во церемонијата на доделување медали“, веднаш распалија твитерџиите.
Пивариќ моментално игра во Динамо Киев, па некои веднаш почнаа да нагаѓаат дека тој намерно го избегнал Путин. Но, докази за тоа нема. Има и такви кои нагаѓаат дека ситуацијата била обратна – Путин го избегнал хрватскиот фудбалер, токму поради клубот во кој моментално игра.
Josip Pivaric, the only Croatian player I saw that didn’t shake Vladimir Putin’s hand #WorldCupFinals pic.twitter.com/BtHxLBpUL6
— ForTheStuy (@BedStuy4Ever) July 16, 2018
Сепак, најверојатно вистината е дека Пивариќ едноставно не знаеше што да направи кога Путин случајно се сврте на страна за да земи медал, па поради тој банален момент на разидување не дојде до „фамозното“ ракување.piv