Дома Фудбал Останато Само еден тим оваа сезона ги победи финалистите во Лига Европа и Лигата на шампионите

Само еден тим оваа сезона ги победи финалистите во Лига Европа и Лигата на шампионите

После Лигата на шампионите каде што во финалето ќе играат Тотенхем и Ливерпул, вчера се дознаа и финалистите во Лигата на Европа каде што силите ќе ги одмерат Арсенал и Челзи.

Ливерпул направи голема сензација против Барселона и се врати после поразот од 3:0 во првиот натпреварот. Тотенхем од друга страна после поразот во првиот натпревар од 1:0 откако губеше на полувреме во Амстердам 2:0 во второто полувреме успеа да направи пресврт.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал вчера ја победи Валенсија со 4:2 се избори за финале во Лигата на Европа, а противник ќе му биде Челзи кој на пенали го победи Ајнтрахт Франкфурт.

Сепак, четирите овосезонски финалисти имаат нешто заедничко, а тоа е пораз од еден тим кој игра во Премиер лигата.

Имено, екипата на Вулверхемптон оваа сезона успеа да ги победи сите четири финалисти во Европа.

Ова е навистина неверојатен податок со оглед на тоа дека се работи за екипа која не е во топ 6, но треба да се земе предвид дека Вулверхемптон сезонава игра одлично.

Токму против нив ќе игра Ливерпул во последното коло од англиската Премиер лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…