Зинедин Зидан вчера го изненади фудбалскиот свет и го напушти Реал Мадрид, само пет дена после освојувањето на третата титула во низа во Лигата на шампионите.
Секако, по натпреварот голем дел од таброот на Реал испратија пораки до Французинот. Сепак, само еден играч не го направи тоа (барем кога во прашање се поважните играчи).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во прашање е – Герет Бејл! Тојј неодамна постигна два гола и беше еден од најзаслужните за победата против Ливерпул во финалето.
Далеку од тоа дека Велшанецот не беше активен на друштвените мрежи. Стигна да му го честита раѓањето на дете на Лукас Васкез, како и да ја прокоментира објавата на Тони Крос, но молчеше кога сите очекуваа објава поврзана со Зидан.
Ова е можеби уште еден доказ после изјавата на Бејл дека Зидан „ладно“ се однесувал кон него по двата гола против Ливерпул, дека тие двајца не се во добри односи.