Мохамед Салах вчера на натпреварот против Челси постигна феноменален погодок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Египќанецот во 53. минута упати вистинска бомба по голот на Кепа, кој немаше никакви шанси да го одбрани шутот на играчот на Ливерпул.
Енфилд експлодираше, а Салах на интересен начин го прослави погодокот, а после натпреварот беше запрашан да ја објасни прославата на голот.
„Не знам, тоа ми падна прво на памет, бидејќи вежбам јога.“ – изјави Салах, кој потоа објасни како дојде до голот.
„Инаку, влегувам внатре и шутирам со техника. Овој пат одлучив да одам на сила бидејќи се работеше од поголема оддалеченост.“ – додаде Салах.
Ливерпул во среда го игра реванш наптреварот во ЛШ против Порто, а наредниот викенд во ПЛ гостува кај Кардиф.