Дома Фудбал Останато Салах спасил бездомник: Во моите очи тој ќе биде херој за цел живот! ?

Салах спасил бездомник: Во моите очи тој ќе биде херој за цел живот! ?

Moхамед Салах можеби е голема светска ѕвезда, но никогаш не ја „изгуби“ главата и остана да биде она најважното – човек!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кон крајот на септември Ливерпул го победи Арсенал на „Енфилд“, а Салах на враќањето кон својот дом застанал на една бензинска пумпа. Таму забележал како хулигани малтретираат еден бездомник. Во таа ситуација реагирал најчовечки, веднаш ги избркал хулиганите, а бездомникот по име Дејвид Крег го почастил со 100 фунти.

„Мо беше неверојатен, баш каков што е на теренот за Ливерпул. Слушна што ми зборуваат се сврте кон нив и им кажа дека не секој може да му се случи да има таква судбина“, изјави Крег за „Сан“.

Целата ситуација ја снимиле камерите на бензинската пумпа.

„Единствено што знам е дека не халуцинирав кога Мо дојде до мене и ми даде 100 фунти. Каква комплетна легенда. Во моите очи тој ќе остане херој за цел живот!“, порача Крег.

Крег е бездомник веќе шест години, откако се разделил со семејството. Ноќите и деновите тој ги поминува во близина на култниот „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешен фудбалер на Реал доживеа срцев удар по натпревар (Видео)

Фернандо Гаго (40), поранешен играч на Реал Мадрид и актуелен тренер на Универсидад де Чил…