Дома Фудбал Салах постигна четири гола за Египет и собори нов рекорд

Салах постигна четири гола за Египет и собори нов рекорд

Фудбалерите на Египет во 1.коло од квалификациите од групата А за Светското првенство во Каиро го декласираа Џибути на домашен терен со 6:0, а првото име на натпреварот беше Мохамед Салах, кој постигна четири гола и стана најдобар стрелец на Египет во историјата на квалификации.

Салах е на 15 гола, претекнувајќи го Мохамед Абутрику, кој постигна 14.

Египет до 22. минута веќе водеше со 2:0, а двата гола ги постигна играчот на Ливерпул. Првиот во 17. минута по убавата асистенција на Мохамед, а вториот пет минути подоцна од пенал. Салах го комплетираше хет-трикот во 48. минута, а во 69. зголеми на 4:0 по уште една добра акција на Египет.

Четири минути подоцна Мостафа Мохамед го постигна петтиот гол за Египќаните, а конечните 6:0 ги постави Трезеге на минута пред крајот на натпреварот.

Победниците на групите од африканските квалификации ќе се пласираат на СП 2026 година, а најдобрите четири второпласирани селекции ќе играат за еден претставник во интерконтиненталните квалификации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем останува без уште еден спонзор: соработката завршува предвреме

Тотенхем ќе остане без уште еден од своите спонзори. Според „Telegraph“, јужнокорејскиот п…