Фудбалерите на Ливерпул во сабота играат во големото финале против Реал Мадрид, а секако прва ѕвезда на овој клуб е Мохамед Салах.
Египќанецот на два дена пред почетокот потврди дека отсекогаш верувал дека неговиот тим може да стигне во финалето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Верував 100%, да бидам искрен. Од првиот ден од кога дојдов верував дека можеме да стигнеме далеку во Лигата на шампионите.“, изјави Салах за медиумите.
„Црвените“ вклучувајќи го и бараж натпреварот со Хофенхајм изгуби само еден натпревар со 46 постигнати погодоци.
Салах во Ливерпул пристигна минатото лето од Рома, тим кој оваа сезона го елиминираше во полуфиналето.
„Ако го погледнете нашиот тим од почетокот можете да забележите дека напредувавме во секој сегмент“, наведе Салах.
Тој имаше одлична сезона. Постигна 44 погодоци, од нив 11 во Лигата на шампионите.
„Секој натпревар за мене е само натпревар. Секогаш сум сконцентиран на победата и не сакам да се ставам под притисок“, изјави египтетскиот фудбалер.