Поранешниот офанзивец на Ливерпул, Џон Олдриџ смета дкеа Мохамед Салах во овој период не треба да биде дел од првиот тим на Ливерпул.
Салах е пред потпис на нов договор со Ливерпул според кој ќе добива околу 600.000 евра неделна плата со што ќе стане втор најплатен фудбалер во Премиер лигата веднаш зад Роналдо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Коментар за целата ситуација даде Олдриџ кој смета дека со формата која ја има Салах не заслужува место во првиот тим на „црвените“.
„Ако гледаме според формата, Мо не треба да биде во првиот тим. Колку и да е голем, колку и да го сакаме, ако судиме според формата јасно е дека има проблеми. Можеби луѓето ќе кажат дека размислува на договорот, но тоа не менува многу. Не постигнал гол од игра веќе шест недели..“, истакна Олдриџ.