Ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах често пати е критикуван затоа што според дел од јавноста „игра за себе“.
Салах можеби понекогаш е себичен, но тврди дека не води никаква трка со Садио Мане. Откако пристигна во Ливерпул, Салах освои две Златни копачки, последната ја подели со Мане.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не, Мане и јас не се натпреваруваме кој ќе постигне голови. Ако никој не постигне гол и натпреварот заврши 0:0 тогаш сме лути. Но, кога сме на теренот и победуваме се е супер. Понекогаш ти судат само на основа на постигнатите голови. Искрено, тренерот често ми зборува за креативноста. Мислам дека соиграчите се среќни поради тоа. Се додека се чуствувам дека на другите им создавам добри прилики тоа е одлично. Можеби луѓето не се фокусираат премногу на тоа. Без асистенции, не мислам само на моите, не можеме да победуваме“, изјави Салах.
Салах сезонава е на бројката од 14 голови и еден од најзаслужните што Ливерпул е блиску после 30 години да стигне до титулата во Премиер лигата.