Дома Фудбал Репрезентации „Салах не ме импресионира, не е на нивото на Мбапе“

„Салах не ме импресионира, не е на нивото на Мбапе“

Репрезентациите на Камерун и Египет вечерва од 20:00 часот ќе се сретнат во полуфиналето на Африканскиот куп на Нации.

Камерун во своите редови го има и најдобриот стрелец на турнирот. Висент Абубакар постигна шест голови, додека Токо Екамби беше стрелец на пет гола. Капитенот на камерунската репрезентација Абубакар пред натпреварот зборуваше и за Салах од кого не е импресиониран.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Салах не ме импресионира. Зборувам за тоа како искрен човек кој некои работи гледа на свој начин. Ако ме импресионирал ќе го кажаев тоа. Тој е добар играч, постигнува голови, но не прави доволно добри работи во играта“.

„Секако игра одлично во Премиер лигата, но кога ќе го споредам со Килијан Мбапе не е на тоа ниво“, изјави Абубакар.

Салах во овој момент е водечеки стрелец во Премиер лигата во која постигна 16 голови. Додека неговиот соиграч од Ливерпул Диого Жота постигна десет. На Афричкиот Куп на Нации е стрелец на два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Интер е нов шампион на Италија!

Тимот на Интер е новиот шампион на Италија откако го победи градскиот ривал со 2:1 во мила…