Салах во летниот преоден рок беше блиску до трансфер во Саудиска Арабија, па не е исклучено наскоро да го напушти Ливерпул.
Клубот од „Енфилд“ веќе почнува да размислува за негов наследник, бидејќи на крајот на сезоната Ливерпул ќе биде спремен да го продаде Египќанецот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Клубовите од Саудиска Арабија не се откажуваат и на лето Салах ќе биде нивна главна трансфер цел за кого нема да жалат пари.
Откако инвестираа 750 милиони фунти во нови играчи во последниот преоден рок, трошењето на саудиските клубови ќе биде малку ограничено следната година поради различни комерцијални зделки во следните 18 месеци, но Салах се смета за исклучок.
Саудијците му нудат на 31-годишниот Египќанец да биде еден од најплатените фудбалери во светот, па и самиот Салах е спремен да ја прифати понудата.
🚨 The Saudi Pro League will make renewed attempts to sign Mo Salah next summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 17, 2023
He is the main target in the cash-rich competition's next phase of expansion.
(Source: @MailSport) pic.twitter.com/9A5SYqdAPa