Дома Фудбал Англија Салах и Ливерпул седнуваат на преговарачка маса

Салах и Ливерпул седнуваат на преговарачка маса

Раководството на Ливерпул се оптимисти дека ќе успеат да ја убедат ѕвездата на тимот, Мохамед Салах да стави потпис на нов договор.

Актуелниот договор на Египќанецот истекува во 2023 година, но тој е мета на многу европски гиганти кои внимателно ја следат неговата ситуација.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Англиските медиуми пренесуваат дека двете страни ќе седнат на преговарачка маса до крајот на овој месец. Неколку важни играчи веќе ставија потпис на нов договор, па во Ливерпул се оптимисти дека Салах ќе ја продолжи соработката.

29-годишниот фудбалер пристигна на „Енфилд“ во 2017 година од Рома. До сега тој има 126 гола и 49 асистенции во 206 меча за клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дојде време за разделба: Додека ја сонува клупата на Интер, Симеоне заминува од Мадрид поради гигант!?

Диего Симеоне во 2011 година ја презеде екипата на Атлетико Мадрид, чиј тренер е и денес, …