Во два нецели месеци Египет ги загуби двете клучни финалиња, на почетокот на февруари во пенал-рулетот остаанаа без африканската титула, а пред два дена беа поразени од Сенегал исто така на пенали во мечот за пласман на Мундијал.
Мохамед Салах беше трагичарот за „фараоните“, ѕвездата на Ливерпул промаши еден од четирите промашени пенали на Египќаните. Меѓутоа освен за поразот во Египет многу се зборува и за говорот на Салах после натпреварот. За многумина говорот кој го одржал Салах значи простување од репрезентацијата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Јас и пред реваншот ви кажав дека сум горд што имам прилика да играм со вас. Уживав играјќи заедно и со претходните генерации. Среќен сум и горд за сите со кои играв. Ми беше чест. Тоа е се што имам да ви кажам, без оглед на тоа што ќе се случи подоцна“, гласел завршниот дел од говорот на Салах во соблекувалната.
Во дресот на Египет Салах одигра 84 натпревари и постигна 47 голови и со својата репрезентација играше на последниот Мундијал во Русија во 2018 година.