Дома Фудбал Англија Салах застана да се фотографира со момче кое бркајќи го удри во бандера

Салах застана да се фотографира со момче кое бркајќи го удри во бандера

10-ти август младиот навивач на Ливерпул, Луј Фаулер вечно ќе го памети.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фаулер на тој ден го сретна својот идол Мохамед Салах, но имаше една непријатност – се удри во бандера додека трчаше по автомобилот на Египќанецот.

Младото момче се обидуваше да стигне до автомобилот на Салах за да се поздрави со својот идол, меѓутоа пред него се „појави“ бандера во која тој се удри.

Салах забележа и го запре автомобилот, се врати и откако се фотографираше со момчето го однесе во неговиот дом.

„Салах ти благодарам што дојде да ги видиш моите момчиња, откако Луј се удри во Бандера. Тој те сака, ти си негов идол“, порача очувот на момчето на неговиот Твитер профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лина испиша историја, ќе игра на Вимблдон!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја потврди одличната форма во која игра во п…