Дома Фудбал Англија „Салах е најдобриот фудбалер во светот во овој момент“

„Салах е најдобриот фудбалер во светот во овој момент“

Според мислењето на поранешниот фудбалер на Блекбурн, Крис Сатон, Мохамед Салах е најдобриот играч во светот.

Сатон нема дилеми дека во овој момент тој е подобар од Роналдо и Меси.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Во овој момент со сигурност можам да кажам дека е подобар од Роналдо и Меси“, изјави Сатон.

Египќанецот игра одличен фудбал. Во последните три премиерлигашки сезона, Салах во просек постигнува по 21 гол.

„Неговите бројки се сензационални во последните сезони. Игра на највисоко ниво веќе неколку години, брилијантен е“, истакна Сатон.

Со Сатон се сложува и и неговиот поранешен соиграч од Фиорентина, Мајк Ричардс.

„Веќе со години зборувам дека Салах е светска класа. Сите ми се смеаа, а за него зборувам со суперлативи уште од кога беше во Фиорентина. Кога го видов на тренинг, си помислив – овој човек не е реален. Може да идрибла петмина, а потоа да го лобува голманот. Не сум изненаден од неговите настапи“, изјави Ричардс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Ќе бидам тренер на Ливерпул следната сезона

Ако имаше некакви дилеми, сега повеќе нема – Арне Слот ќе биде тренер на Ливерпул сл…