Дома Кошарка Сакраменто ја „реши“ Индијана, трет пораз во низа за Орландо, мечот на Далас одложен

Сакраменто ја „реши“ Индијана, трет пораз во низа за Орландо, мечот на Далас одложен

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревар, а еден беше одложен поради проблеми со Ковид-19.

Сакраменто беа подобри од Индијана со 127:122 и за нив тоа беше петта победа оваа сезона, додека Индијана го запиша вториот пораз. И во овој меч Кингси покажаа колку добри кога се шутерски расположени. Веќе петти пат сезонава тие постигнуваат 60+ поени на полувреме (65:64). Хари Барнс беше најефикасен кај Сакраменто со 30 поени, 8 скока и 2 асистенции, на паркетот помина 37 минути. На другата страна Сабонис го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок од 28 поени и 11 скокови.

Милвоки го доби Орландо со 121:99 и за Бакси тоа беше седма победа, а Орландо го претрпе петтиот пораз, трет во низа. Црногорецот Вучевиќ од редовите на Орландо беше најефикасен на натпреварот со 28 поени и 13 скока, во редовите на победничкиот тим Јанис Антотокумпо забележа 22 поени.

Натпреварот кој требаше да го играат Далас и Њу Орлеанс беше одложен.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Њуорк 109:88, Кливленд – Мемфис 91:101, Орландо – Милвоки 99:121, Вашингтон – Феникс 128:107, Атланта – Филаделфија 112:111, Сакраменто – Индијана 127:122.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шенѓун ја растури Јута со 43 поени, Богдановиќ прецизен за Хјустон

Хјустон славеше со 125:118 предводен од Алперен Шенѓун, а Богдан Богдановиќ погоди три тро…