Легендарниот Ариго Саки подолго време ја критикува филозофијата на италијанските клубови кои настапуваат во Европа, токму тоа тој смета дека се одразува и во репрезентацијата.
Саки уште еднаш го повтори според него проблемот со кој се соочува Италија после поразот од Македонија кој дојде со голот на Трајковски во 92. минута. Според него Италијанците имаат голем проблем, а успехот на Европското првенство бил само еден исклучок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се повторува тоа што го гледаме со години. Многу се зборува во Италија, но со зборови проблемите не се решаваат. Ни треба пошироко гледиште на комплетната слика. Кога бевме елиминирани во 2018 виновник беше Вентура, а сега сите го обвинуваат Манчини. Доколку продолжиме вака нема да стигнеме никаде. Европското првенство летово беше само еден исклучок, на клупски план ништо не сме освоиле во Европа од 2010 година“.
„Клубовите продолжуваат да инвестираат во странски фудбалери, а младинските сектори се полни со играчи од страна. Тоа е најголемиот прболем на Италија“, изјави Саки па зборуваше за натпреварот со Македонија.
„На ЕП игравме како херои, но против Македонија сега ги немаше тие херои. Имаше страв, несигурност и недоволна самодоверба. Многу удари завршија високо над голот, недостасуваше концентрација во завршницата“, смета Саки.