Дома Фудбал Репрезентации Сака за првпат се огласи по промашениот пенал против Италија

Сака за првпат се огласи по промашениот пенал против Италија

Aнглискиот фудбалер Бакајо Сака (19) на друштвените мрежи за првпат се огласи откако во финалето на Европското првенство против Италија го промаши одлучувачкиот пенал.

Од тој момент Сака заедно со Рашфорд и Санчо доби и голем број расистички навредливи коментари, а сега за првпат се огласи.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Неколку дена ме немаше на друштвените мрежи за да поминам време со своето семејство и да соберам се што се случуваше. Оваа порака нема да биде доволна да ви покажам колку сум благодарен за љубовта која ја добив и морам да ви се заблагодарам на сите кои ми бевте поддршка. Чест е да се биде дел од репрезентацијата на Англија. Тоа што помогнав да дојдеме до финалето ми значи бескрајно“.

„Нема зборови со кои може да опишам колку сум разочаран поради пеналот, бев тажен и се чувствував како да го изневерив англиското семејство, но можам да ви ветам дека тој момент нема да ме скрши. На оние кои ми испраќаа емотивни пораки и ми посакуваа се најдобро неизмерно сум им благодарен. Тоа е фудбалот“, стои во дел од обраќањето на Сака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…