Дома Фудбал Садио Мане е прогласен за најдобар африкански фудбалер

Садио Мане е прогласен за најдобар африкански фудбалер

Сенегалскиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, Садио Мане, по втор пат во кариерата е прогласен за најдобар африкански фудбалер.

Мане истото признание го доби пред три години, а овогодинешната награда ја заслужи со одличните настапи во Ливерпул и репрезентацијата на Сенегал.

Второто место му припадна на веќе неговиот поранешен соиграч, Мохамед Салах, а трет беше голманот на Челзи, Едуард Менди.

Тој со репрезентацијата на Сенегал за прв пат триумфира во Африканскиот куп на нации, а одлучувачкиот гол во финалето против Египет го постигна токму Мане од пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кардинале: Милан не е на продажба, сакам да ги доведам најдобрите!

Сопственикот на Милан најавува нов финансиски модел преку стадионот, арена во Сан Донато и…