Ракометарите на Данска се третите полуфиналисти на Олимписките игри во Токио.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Данците во четвртфиналето во скандинавското дерби ја победија Норвешка со резултат 31:25. Од почетокот на мечот Данците беа подобар ривал, изгледаа посконцентрирано, водеа во поголемиот дел од натпреварот и на крајот заслужено победија.
Данска до победата ја предводеа Хансен и Холм со по осум гола.
Кај Норвешка најефикасен беше Сагосен исто така со осум гола.
Во полуфиналето Данска ќе игра против Шпоанија која после голема драма ја победи Шведска со резултат 33:34.