Дома Топ вести Сагата продолжува: Мбапе демантира договор со Реал Мадрид

Сагата продолжува: Мбапе демантира договор со Реал Мадрид

Од таборот на Килијан Мбапе побрзаа да ги демантираат информациите дека Французинот веќе се согласил да се пресели во Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Утрово како „бомба“ одекна веста на авторитативниот новинар Фабрис Хокинс од РМЦ Спорт,  дека Мбапе постигнал комплетен договор со Реал и на лето ќе се пресели во Мадрид како слободен агент.

Меѓутаоа претставниците на францускиот фудбалер веднаш ги демантираа таквите наводи.

„Нема договор за иднината на Килијан. Немаше дискусии за неговата иднина. Ниту еден вид влијание не може да го диктира времето на дискусиите, размислувањата и одлуките на Килијан“, известуваат од таборот на ПСЖ.

„Кралевите“ сакаат што побрзо да се реши трансфер-сагата и нема уште долго да ја чекаат конечната одлука на Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…