Дома Останати Кошарка НБА Сагата конечно заврши: Кармело Ентони има нов клуб

Сагата конечно заврши: Кармело Ентони има нов клуб

Сагата која траеше една година со еден од најдобрите стрелци во НБА лигата Кармело Ентони конечно е завршена.

Трикратниот носител на олимписки медал од почетокот на минатата сезона беше без клуб, од кога испадна од ростерот на Хјустон. Тогаш се најавуваше многу од триото Харден – Пол – Ентони, но Кармело брзо падна во немилост на тренерот Мајк Д’Eнтони.

Во меѓувреме скоро секој НБА клуб се поврзуваше со ангажман на популарниот Мело, а најмногу се пишуваше дека ќе заврши во Лејкерси. На крајот Портланд е тимот кој ризикуваше со овој фантастичен стрелец, Ентони со Портланд потпиша договор до крајот на сзоната.

Блејзерси ќе бидат петти клуб во кариерата на овој десеткратен „Ол-Стар“ роден 1985 година, а останува да видима дали Ентони ќе се вклопи со одличните стрелци на Портланд од надворешните позиции Лилард и Меколум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…