Дома Македонски спорт Мак ракомет Савевски и Гичевска едногласни: Одигравме лош натпревар!

Савевски и Гичевска едногласни: Одигравме лош натпревар!

Македонската репрезентација денес го забележа вториот пораз на Европското првенство. Поранешниот светски шампион, Холандија во СЦ „Борис Трајовски“ славеше победа од 15:30.

Во таборот на нашата репрезентација признаваат дека Македонија одиграла лошо денеска и дека направиле многу грешки.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Холандија одигра фантастично, ние одигравме лошо денеска. Направивме многу грешки, имавме повеќе од 20 промашени шутеви и многу технички грешки. Не одигравме добро во нападот. Многу брзавме во нападот и шутиравме без да создадеме шанса. Некогаш одигравме и добро во одбраната, но нападот ни беше многу лош. Жал ми е за публиката бидејќи не одигравме како што знаеме. Прашање за мене и ракометарките е што понатаму бидејќи ќе ги изгубиме навивачите“, изјави Савевски.

„Честитки за Холандија. Одиграа одличен меч. Ние го загубивме фокусот на денешниот меч. Тажна сум поради навивачите кои дојдоа да не бодрат. Но, сепак мислам дека растеме заедно од мечеви како што се овие. Ќе го одиграме и мечот со Романија максимум и ќе дадеме се од себе“, изјави Гичевска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Историски момент: Вечерва за првпат во македонскиот фудбал ќе се користи ВАР

ВАР технологијата за прв пат ќе се користи во македонскиот фудбал на финалето од Купот на …