Македонската женска сениорска репрезентација утре го стартува Европското првенство на кое ние сме едни од домаќините покрај Словенија и Црна Гора.
Противник во утрешниот натпревар на нашата селекција ќе биде Франција која е еден од фаворитите за највисок пласман на овој континентален собир. Селекторот Љубомир Савевски пред натпреварот е задоволен од тоа како напредува нашата селекција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Франција и Холандија се фаворитите во нашата група. Шансата за победа ја гледаме против Романија која ќе напоменам дека не се воопшто слаби. Го гледав нивниот натпревар со Германија знаеме за каква селекција се работи. Задоволен сум од тоа како се развива македонската репрезентација, се градиме и растеме подолг период“, изјави Савевски.
Савевски смета дека селекцијата на Франција го има најдобриот состав досега.
„Наше ќе биде да покажеме каратер, да покажеме дека селекцијата која ја имаме со спој на младост и искуство оди во нагорна линија. На мали повреди се жалат Маџовска и Арсенивска, меѓутоа се надевам дека сите ќе бидат подготвени“, изјави селекторот.
НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА НА ЕП:
5 ноември 2022 година, 18.00 часот Франција – Македонија
7 ноември 2022 година, 18.00 часот Македонија – Холандија
9 ноември 2022 година, 18.00 часот Македонија – Романија
Сите натпревари се играат во СЦ „Борис Трајковски“.