Дома Македонски спорт РФМ со премија од 10.000 евра за ракометарките, одредени сумите и за мажите

РФМ со премија од 10.000 евра за ракометарките, одредени сумите и за мажите

Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија денес донесе одлука за паричини награди за машката и женската сениорска репрезентација.

Ракометарките за одличниот квалификациски турнир во Скопје кој го заврши со три победи во исто толку натпревари ќе добијат премија од 10.000 евра, а доколку во баражот ја победат Романија и се пласираат на Светското првенство ќе добијат дополнителни 40.000 евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Машката ракометна репрезентација нема обезбедено премија, но веројатно ќе ја добијат затоа што само чудо може да ја спречи Македонија да не се пласира на Европското првенство. Тоа чудо треба да биде две победи на Швајцарија против Данска и Македонија, само така ние бие останале без ЕП.

Ако ракометарите бидат првопласирани ќе добијат 40.000 евра, доколку се втори со 10 бода (победи над Швајцарија и Финска) ќе добијат премија од 30.000 евра, ако освојат помалку од 10 бодови момците на Лазаров ќе поделат 20.000 евра.

Ќе потсетиме, ракометарите беа наградени со 20.000 евра после сензационалната победа над Данска во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…