На денешното редовно Годишно Собрание, РФМ даде извештај за сработеното во изминатите 12 месеци. Успехот и растот се очигледни, како на репрезентативен така и на клупски план, а бројни се и интернационалните активности на нашата федерација.

Меѓу другото, во извештајот се вели: “Би го издвоиле 6. место на СП У21 во Алжир на машката младинска репрезентација, што е најдобар показател за повеќегодишната систематска работа и континуираните настапи на големи меѓународни натпреварувања. Ова селекција го направи најголемиот репрезентативен успех на светските првенства во било кој екипен спорт во историјата на Македонија. Исто така, треба да се истакнат и одличниот настап во првата фаза од ЕП во Хрватска, пласманот во баражот на женската сениорска репрезентација, како и учеството на младинската ракометна репрезентација на ЕП во Словенија“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од меѓународните активности на РФМ се издвоени: заедничка кандидатура со Словенија и со Црна Гора за организација на сениорско женско ЕП во 2022 година, како и домаќинството на РФМ на ЕХФ шампионатот за младинци во јули 2018 година и организацијата на Светско првенство за кадети во 2019 година.

Благодарност беше упатена и до нашите клубови Металург и Вардар, поради континуитетот во натпреварувањето во Лигата на шампионите, а Вардар уште еднаш доби честитки за освојувањето на европската титула.

РФМ минатата година располагаше и со рекорден буџет од околу 1,6 милиони евра. РФМ домаќински работела во текот на 2017 година и за 2018 година веќе има над 3 милиони денари останати од претходната година и префрлени за проекти во оваа година. На сметката на РФМ има 3.074.286 денари коишто се разлика меѓу приходите и расходите остварени во текот на минатата година. Приходите на РФМ лани биле над 97 милиони денари, а расходи од нешто над 94 милиони.

Ракометот веќе со години го носи приматот „Спорт број 1“ во Македонија, а, со интензивираните активности во последната година, РФМ со сите сили и ресурси настојува да ја засили неговата позиција на национално ниво и постојано да го подобрува на меѓународното ниво. Ќе настојуваме тој тренд да продолжи и во иднина“, се вели во заклучокот на извештајот на РФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…