Дома Македонски спорт РФМ потврди: 700.000 денари за кадетите за освоениот ЕХФ шампионат!

РФМ потврди: 700.000 денари за кадетите за освоениот ЕХФ шампионат!

Денес ракометната федерација на Македонија го исполни ветувањето и на одржаната седница го изгласа предлогот за награда од 700.000 денари за репрезентавците до 18 години.

Кадетите оваа награда секако ја заслужија со настапоит на ЕХФ шампионатот во Рига каде што го освоија турнирот минатиот месец. На пет натпревари нашите млади ракометари забележаа пет победи и покажаа дека Македонија не треба да стравува за иднината.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Исто така РФМ денес го усвои и предлогот на Драган Начевски да му се додели признанието „8 Септември“ за животно дело и придонесот во спортот.

На денешната седница присуствуваа сите селектори на репрезентациите Кире Лазаров, Љубомир Савевски, Бранко Ангеловски и Раде Стојановиќ кој беше предводникот на кадетите на ЕХФ шампионатот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Анчелоти ги изненади навивачите: Објасни зошто Реал не е фаоврит против Борусија

На 1. јуни на „Вембли“, Реал Мадрид и Борусија Дортмунд ќе играат во финалето од Лигата на…