Ракометната федерација на Македонија, по претходно донесена одлука на Управниот одбор, денес ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот во втората фаза на Европското Првенство во Хрватска 2018, соопштија од федерацијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонија со две победи против Словенија и Црна Гора и еден нерешен резултат против Германија, го освои првото место во групата Ц од првата фаза на Европското првенство, обезбедувајќи пласман меѓу најдобрите 12. По одигрувањето на трите натпревари од втората фаза, Македонија го заврши ЕП на 11 позиција.

Со пласманот на ЕП 2018 во Хрватска, Македонија обезбеди место во групата на носители во баражот за СП 2019 каде за противник ја доби Романија.

Македонија обезбеди и место во првиот шешир во извлекувањето на квалификациските групи за пласман на ЕП 2020.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Познати противниците на Македонија на СП 2027

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за Светското првенство 2027, по…