Дома Македонски спорт РФМ ги пушта во продажба билетите за Македонија – Чешка

РФМ ги пушта во продажба билетите за Македонија – Чешка

Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската селекција во недела (17.04.2022 г.), со почеток во 19:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра бараж натпреварот во рамки на Men’s World Championship 2023 Qualification Europe – Phase 2 Part 2 против селекцијата на Чешка.

Продажбата на влезници за натпреварот започнува денес (11.04.2022 г.) од 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Влезниците се продаваат по ценa од 100 денари.

Продажна мрежа – МК Тикетс

Скопје:

ЛитератураМК Super Store – City Mall

ЛитератураМК – Буњаковец

ЛитератураМК – Веро Центар

ЛитератураМК – улица Македонија

ЛитератураМК – ГТЦ приземје

ЛитератураМК – Ramstore Mall

ЛитератураМК – East Gate

Макпетрол – Козле

Макпетрол – Порта Влае

Макпетрол – Илиндеска

Југотон – ГТЦ 1

JK Травел Аеродром – ТЦ Бисер

Велес: Унисон

Прилеп: ТА Бран

Куманово: Тобако Агора

Тетово:

Тобако Монако

Гранд Тобако

Гостивар: Тобако Вона Пет

Охрид: ТА Вис Пој

Битола: ЛитератураМК

Струмица: ТА Сафари

Ве информираме дека натпреварот ќе биде организиран согласно важечките протоколи за организација на спортски настани и одлуките на Владата за превентивни мерки против вирусот Ковид-19.

При присуство на натпревар односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи :

– сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од вирусот Sars-Cov-2 против заразната болест Covid-19 или :

– сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравување.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Сакаа да го понижат Дончиќ, па добија жесток одговор

И кога не е целосно фит Лука Дончиќ игра на највисоко ниво и доминира, така беше на послед…