Големо изненадување се случи во првиот меч за полуфиналето на Австралија Опен.
Имено, Русинот Аслан Каратсев го совлада 21. играч во светот Бугаринот Григор Димитров со 3:1 во сетови (2:6, 6:4, 6:1, 6:2).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Димитров првиот сет го доби лесно со 6:2 и изгледаше дека нема да има проблеми во овој меч. Сепак 114. играч во светот се разбуди во вториот и ги освои наредните три сета и така приреди големо изненадување.
Треба да се каже дека Димитров имаше и проблеми со повреда со оглед на тоа дека му се укажуваше помош во третиот сет.
Каратсев сега го чека подобриот од дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев кој почнува во 10.30 часот.