Дома Фудбал Англија Руни: Фернандеш и Кавани донесоа шампионски менталитет во Јунајтед

Руни: Фернандеш и Кавани донесоа шампионски менталитет во Јунајтед

Легендата на Манчестер Јунајтед и на англискиот фудбал, Вејн Руни смета дека „црвените ѓаволи“ оваа сезона можат да бидат шампиони во Премиер лигата.

Руни смета дека Бруно Фернандеш и Кавани донесе шампионски менталитет и сега го гледа Манчестер Јунајтед како фаворит за титулата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Последните години Јунајтед не беше спремен да се бори за титулата, но сега донесоа играчи како Фернандеш и Кавани, кои имаат победнички менталитет. Тоа помогна во поткревање на победничкиот менталитет на целиот тим“, смета Руни.

„Пред шест седмици на моите тренери им реков дека Манчестер Јунајтед ќе ја освои титулата и се уште го мислам тоа денеска. Очекувам Пол Погба да има огромен удел во тоа, сега има играчи со победнички менталитет, а Погба ќе го покаже својот квалитет“, додаде Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…