Дома Фудбал Руни прифатил двојно помала плата: Преговорите со него беа најкратки од кога сум јас во клубот

Руни прифатил двојно помала плата: Преговорите со него беа најкратки од кога сум јас во клубот

Вејн Руни минатото лето се врати во Евертон после 13 години поминати во Манчестер Јунајтед.

Искусниот 32 годишен фудбалер сакаше пред крајот на кариерата повторно да заигра во дресот на Евертон и тоа му успеа, но мораше да се откаже од големите примања.

Во Јунајтед Руни заработуваше огромни 300.000 фунти неделно, додека во Евертон прифатил да добива двојно помалку. Тоа го потврди и првиот човек на клубот Бил Кенврајт.

„Тоа беа најкратките преговори од кога сум јас во клубот. Руни сакаше се само да се врати дома и се откажа од својата астрономска плата“, Кенврајт.

Руни зад себе има сосема добра сезона и на 31 натпревари постигна 10 погодоци, а „карамелите“ и покрај големите засилувања играат под очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скап удар за Баерн: Саибари опериран, враќањето се очекува дури во 2027 година

Мароканскиот офанзивец ќе паузира три до четири месеци по повредата во дербито со Дортмунд…