Вејн Руни најверојатно по крајот на сезоната ќе го напушти тимот на Евертон и ќе се пресели во МЛС лигата, пренесуваат англиските медиуми.
Руни пристигна во Манчестер Јунајтед во 2004 година и испиша историја на „Олд Трафорд“ каде остана се до 2017 година. Минатото лето се врати во Евертон, но најверојатно веќе го кажа последниот збор во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Руни на крајот на сезоната ќе го напушти Евертон за да го растерети буџетот на „карамелите“, но и за да проба нова авантура во кариерата.
Медиумите на Островот тврдат дека неговата следна дестинација ќе биде Америка, каде неколку тимови од МЛС лигата покажуваат интерес за 32-годишниот напаѓач.