Дома Фудбал Останато Руни отворено за еден од најлошите моменти во кариерата и намигнувањето на Роналдо (ВИДЕО)

Руни отворено за еден од најлошите моменти во кариерата и намигнувањето на Роналдо (ВИДЕО)

Вејн Руни е во залезот на неговата кариера, а сега зборуваше за еден од најпознатите моменти во неговата кариера.

На Светското првенство во 2006 година Руни заработи црвен картон во четвртфиналето против Португалија за која играше Роналдо со кого беа соиграчи во Манчестер Јунајтед. Тоа што беа соиграчи не го спречи Роналдо да го притиска судијата Хорасио Елизондо да го исклучи Руни.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За ситуацијата да биде поинтересна Роналдо и му намигна на Руни.

Карваљо ме фаулираше, тој ме трукаше и влечеше, додека Петит влезе од дугата страна. Судијата Елизондо не погреши. Тоа е еден од моментите кога не размислувате. Веднаш ми стана јасно дека ќе добијам црвен картон. Кога отидов во соблекувалната го гледав натпреварот на мал телевизор и си размислував: Ако победиме нема да играм во полуфиналето и финалето на СП, а ако изгубиме јас ќе бидам виновникот. Тоа беше најлошото чусвство во кариерата“.

За потегот на Роналдо.

„Веднаш добив пораки за она што го направи Роналдо. Кога дојде да бара црвен картон јас го турнав не можев да верувам што прави. Меѓутоа со седењето во соблекувална размислував и се ставив на негово место. Дали јас ќе го направев истото? Најверојатно да. Дали ќе вршев притисок на судијата да додели црвен картон? Ако го заслужува црвениот картон и ако тоа ни помогне и јас би го направил тоа. Потоа си помислив и дека јас во првото полувреме барав да му се додели жолт картон поради глума. Намигнувањето не го видов на теренот. По натпреварот отидов во тунелот разговаравме. Му посакав среќа и му кажав дека ќе се видиме за неколку недели, па заедно ќе се обидеме да ја освоиме лигата“, откри Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…