Дома Фудбал Руни одбил лет со прва класа и приватна соба: Ако сте член на еден тим, тогаш треба и вистински да бидете

Руни одбил лет со прва класа и приватна соба: Ако сте член на еден тим, тогаш треба и вистински да бидете

Aнглискиот напаѓач Вејн Руни е едно од најголемите фудбалски имиња кои заиграле во американската МЛС лига, но легендарниот фудбалер не сака да ужива во статусот на супер ѕвезда.

Руни кој е најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија, при потписот со Ди-Си Јунајтед добил привилегии како приватна хотелска соба и летови со прв класа, но сето тоа напаѓачот го одбил.

33 годишниот фудбалер ги одбил овие привилегии затоа што сака да има ист третман како и останатите членови на тимот.

„Ако сте член на една екипа, тогаш вистински треба да бидете нивни член. Не сакам специјални привилегии, сакам да бидам третиран на ист начин како и останатите играчи. Јас сум дел од тимот“, изјави Руни за американските медиуми.

Од доаѓањето во САД Руни одигра 19 натпревари и постигна 12 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…